По прославата на Спасовден, Ресен стана град со најмногу заболени од Ковид-19 по глава на жител
Изминатиов месец Ресен стана град со најмногу Ковид-19 случаи по глава на жител во Македонија.
Речиси три месеци немаше ниедно лице заболено од вирусот, но по семејната прослава за празникот Спасовден стана ново жариште на Ковид-19.
Првите случаи во Ресен потекнуваат повторно од семејна прослава. Заседаваше Кризниот штаб и беше донесена одлука заедно со компаниите каде се вработени близу 600 луѓе следните 10 до 14 дена да не одат на работа за да се спречат контакти и ширењето на вирусот, неодамна изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Според податоците на Институтот за јавно здравје највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Ресен со 746,1 заболени и Штип со 740,4 на 100.000 жители, Куманово (561,4/100.000), Скопје (554,4/100.000), Дебар (396,3/100.000), Струга (395,0/100.000), Тетово (388,0/100.000) и Охрид (365,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Кочани“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници