Побарано психијатриско лекување за момчето кое ја уби својата баба во Драчево
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје до Основниот суд Скопје 1 доставил предлог за задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на 20-годишното момче кое ја уби својата баба во Драчево.
– Лицето се товари дека на 10.12.2018 година, во состојба на непресметливост, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка. Тој и нанел повеќе убодни рани со нож, а една засецна рана во пределот на вратот довела до брзо губење крв и била смртоносна. Извршителот потоа сам се пријави во полициска станица и призна дека ја лишил од живот неговата баба, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.
Оттаму информираат дека предлогот за задолжително психијатриско лекување и чување на момчето во здравствена установа се темели на наодите од прибавениот вешт наод и мислење од вешто лице од областа на психијатријата. Со овој наод, велат од судот, се констатира дека обвинетиот во моментот на извршување на делото бил во состојба на непресметливост како резултат на акутно психичко растројство поради трајна душевна болест.
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим