Почина Дражен Далипагиќ
Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан, клубот чиј најдобар стрелец е Далипагиќ во историјата.
Далипагиќ е најдобриот стрелец во историјата на БК Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер“, стои на почетокот на клупското соопштение за смртта на легендарниот „Праја“.
Далипагиќ е роден во Мостар на 27 ноември 1951 година. Тој е член на Куќата на славните и освојувач на најголемите натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво .
По Далипагиќ низ Партизан поминаа мноштво големи играчи и легенди на светската кошарка, но никој никогаш не се доближи до 8.278 поени. Далипагиќ го носеше дресот на Партизан од 1971 до 1980 година, како и во сезоната 1981/82 година. Со црно-белите освои две титули (1976 и 1979 година), Купот на СФРЈ и два европски купа Радивоје Корач во 1978 и 1979 година, а со репрезентацијата на Југославија – сè“, потсетува Партизан.
Далипагиќ беше олимписки, светски и европски шампион. Тој беше избран меѓу 50-те луѓе кои придонесоа најмногу во Евролигата и меѓу 50-те најдобри играчи на ФИБА. Дражен Далипагиќ играше во синиот дрес на Европските првенства во 1973, 1975, 1977, 1979, 1981, 1983 година, на Светските првенства во 1974, 1978, 1982, 1986 година и на Олимписките игри во 1984 и 1986 година.
Тој одигра вкупно 243 натпревари од 1973 до 1986 година. На светските првенства освои злато 1978, сребро 1974 и бронза 1982 и 1986. На Олимписките игри освои злато во 1980 година, сребро во 1976 година и бронза во 1984 година. На Европското првенство освои злато во 1973, 1975 и 1977 година, сребро во 1981 година и бронза во 1979 година.
На индивидуален план Далипагиќ е добитник на бројни награди и признанија! Прогласен е за најдобар кошаркар на Европското првенство во 1977 година, а за најдобар кошаркар во Европа во 1977, 1978 и 1980 година.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија