-->
-->
Почина носителот на златен медал од специјалната олимпијада Дарко Арсов
-->
Освојувачот на златен медал во пливање на Специјалната олимпијада во 2011г Дарко Арсов по долгогодишно боледување почина на 37 годишна возраст.
Дарко чекаше да биде најден донор за трансплатација на црн дроб, но не дочека тоа да се случи.
-Со огромна тага и жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот атлет Дарко Арсов. По долгогодишно боледување, златното момче ја изгуби битката. Дарко Арсов ќе го паметиме по неговиот ведар дух, хуморот кој во себе го носеше и златниот медал во пливање на 50 метри од олимписките игри во Атина 2011 година.
Искрено сочувство до семејството ја соопштија тажната вест од Специјалната олимпијада на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За продолжениот викенд автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
