Почина познат писател и член на МАНУ

На 85 години во Загреб почина познатиот хрватски и европски писател Предраг Матвејевиќ, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав од 2009 година.
Проф. д-р Предраг Матвејевиќ е роден во 1932 година во Мостар. Студирал романистика на Универзитетот во Сараево и во Загреб. Во 1967 година докторирал на Сорбона (Париз) во областа компаративна книжевност и естетика. На истиот Универзитет ја одбранил и хабилитацијата за редовен професор во 1994 година. Предавал современа француска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб (1959–1993), бил визитинг-професор на повеќе светски универзитети: Њујорк Универзитет (1982), Институтот за словенски јазици во Париз (1991), на угледниот „Колеж д’Франс“ (1994), на Католичкиот универзитет во Лувен (2000). Универзитетот во Перпињан по повод својот 600-годишен јубилеј му додели титула honoris cauca, почесен доктор е на Универзитетите во Трст (2001), Џенова (2004) и во родниот град Мостар (2006).
Автор е на над триесет книги објавени во некогашна Југославија, Европа (во Франција и Италија) и пошироко во светот.
Својата универзитетска кариера од 1991 година ја продолжил во Франција и Италија. До заминувањето во пензија тој бил редовен професор на Универзитетот „La Sapienza“ во Рим, каде го предавал предметот словенски јазици и литератури и каде бил оформен и Лекторатот за македонски јазик, кој ја уживал неговата целосна поддршка. Во рамки на Катедрата тој е еден од организаторите на Меѓународниот симпозиум посветен на „Сонетот во словенските литератури“ на кој беше поднесен реферат „Сонетот во поезијата на Блаже Конески“.
На македонски јазик досега му се објавени четири книги: „За една поетика на настанот“, 1983, „Источниот епистолар“, 1996, „Медитеранскиот бревијар“, 2002 и „Лебот наш“, 2014, кои наидоа на одличен прием во нашава средина.
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
