Македонија
23. November 2020 - 20:43

Почина Рефик Зенку, дописник на МИА

Од последици на Ковид-19 денеска почина Рефик Зенку, дописник на Медиумската информативна агенција.

Зенку беше дописник за МИА од Кичево во изминатите девет години. За настаните во Кичево и околината известуваше до последен момент, додека не беше дијагностициран од коронавирусот.

Зенку три недели се бореше со коронавирусот и се лекуваше во болницата „8ми Септември“. Вчера состојбата му се влошила, а лекарите не успеале да го спасат.

Рефик Зенку беше новинар со долгогодишен стаж со речиси три децении во новинарството. Неговиот последен новинарски ангажман беше во локалната телевизија ТВ Гура дописник на МИА од Кичевскиот регион. Покрај редовните, новинарски задачи како известувач, беше познат и како новинар кој известуваше и извонредно го познаваше локалниот спорт.