Македонија
28. July 2019 - 10:38

Починал на самото место, работник од Скопје паднал од покрив на објект во Струга

Вчера околу 14,50 часот во Струга пријавено е дека од покрив на објект сопственост на приватна фирма што се наоѓа во индустриската зона на магистралниот пат Струга – Ќафасан, од висина од околу 8,5 метри паднал работникот В. С. (48) од Скопје и починал.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Струга, а од страна на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.