Македонија
28. October 2021 - 17:27

Починато бебе во дом во Скопје, телото предадено на обдукција

На 27.10.2021 во 07.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом во Скопје на ул.„Гвадалахара“ имало починато бебе. Полициски службеници од Полициското одделение излегле на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.