Почна асфалтирање на дел од патот кон штипското село Почивало

Почна асфалтирањето на локалниот пат меѓу штипските села Шашаварлија и Почивало. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој денеска изврши увид на градежните работи, вели дека станува збор за асфалтирање на делница од еден километар, чија вредност е 5.897.640 денари.
- Ова значи дека жителите на овие населени места ќе имаат пристојни услови за живот, ќе донесеме патна инфраструктура до нивните домови. Но, ова е многу важно и за сите жители на општина Штип, коишто кога ќе се изгради инфраструктурата, ќе имаат можност почесто и поредовно да патуваат и да го посетуваат овој убав предел од нашата општина. Вредноста на овој проект е околу 5.900.000 денари и се работи за локален пат од еден километар. После завршувањето на оваа делница, ќе бараме средства и ќе проектираме продолжување на делницата кон село Кошево и село Почивало, рече Бочварски.
Тој истакна дека со изградбата на инфаструктурата локалната власт придонесува за рамномерен регионален развој на територија на општина Штип.
Ново на Сител
-

Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
