Почна обуката за првите македонски сомелиери

Вкупно 12 кандидати ќе бидат првата генерација сертифицирани македонски сомелиери. Тие од вчера ја почнаа седумдневната обука што ја организира Македонското сомелиерско здружение.
Обуката е според програмата на Италијанското сомелиерско здружение (АИС).
- Драго ми е што сум во Македонија и што можам да помогнам во создавање на сомелиерската професија овде. Македонија има голем вински потенцијал и секако и се потребни едуцирани професионалци кои ќе ја шират винската култура. Интересот е голем, а ентузијазмот што го видов најавува позитивни промени на винската и угостителската сцена, изјави Роберто Белини, предавач и потпретседател на АИС.
Кандидатите веќе имаа можност да слушнат за улогата и задачите на сомелиерот, за професионалниот вински сервис и протоколот, а имаа и предавање за лозарството, видовите почви и климатските услови. Изведуваа и практични вежби на сензорна евалуација преку дегустирање на повеќе стилови македонски и странски вина во една интерактивна атмосфера.
- Сомелиерството насекаде е ценета и барана професија која помага во зацврстување на врската меѓу винариите и нивните потрошувачи. Верувам дека и идните македонски сомелиери ќе придонесат кон градење на таа врска, рече претседателот на Здружението на сомелиери на Македонија Александар Вучковски.
Ново на Сител
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
-

Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма
-

Кралот Чарлс ги собира лидерите на ВИ компаниите поради растечката загриженост за безбедноста
-

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“
-

Маж утрово се фрлил во Вардар, пренесен во болница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството на СДСМ и ДУИ ги штити криминалците
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
