Почна пролетното садење дрвја во Скопје

Во паркот во Гази Баба од денеска почна акцијата „Пролетно садење“ што го организира Градот Скопје. Планирано е во Скопје да се засадат 5.000 дрвца, а денеска беа засадени 60 листопадни садници во паркот на природата „Гази Баба“.
- Денеска во паркот на природата Гази Баба ја продолжуваме акцијата за садење 5.000 садници во Скопје, како дел од акцијата на Градот што започна изминатата есен за засадување 250.000 дрвја на територијата на град Скопје. Во рамките на пролетната акција заедно со општините ќе засадиме 5.000 квалитетни садници по дрвореди и во средишното зеленило на булеварите, на јавните зелени површини, парковите, како и во Спортскиот центар во Сарај, рече при засадувањето дрвца градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Акцијата се реализира според планот за садење на ЈП „Паркови и зеленило“. На оваа локација во паркот на природата „Гази Баба“ се засадени 650 дрвја. - Оваа ледина, појасни градоначалникот, беше гола и минатата година и годинава на неа се засадени околу 1.000 садници. Дрвјата што беа лани засадени во текот на летото ги наводнувавме и околу 25 отсто од нив се разеленети. Истото ќе го правиме и ова лето за да можат садниците да опстојат на високите температури.
Тој најави дека акцијата се планира да се продолжи и наесен и да се придонесе за почист воздух, почиста животна средина и за зачувување на здравјето на граѓаните.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски апелираше до граѓаните кои доаѓаат да се рекреираат и да уживаат во нејзината убавина посовесно да се однесуваат при нивниот престој, бидејќи, како што рече, таа е второто белодробно крило на Скопје.
Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ информира дека листопадните садници се набавени од ЈП „Паркови зеленило“ со финансиски средства издвоени од Буџетот на Град Скопје.
Во денешното садење во парк-шумата Гази Баба учествуваа учениците од средните училишта „Панче Арсовски“, „Цветан Димов“, „Арсени Јовков“, „Боро Петрушевски“ и „ 8 Септември“.
Ново на Сител
-

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава
-

Состанок на Г7 за ситуацијата на Блискиот Исток
-

Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран
-

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД инаку „нема да трае долго“
-

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар
-

Нападите на Иран врз соседните земји се „огромна стратешка грешка“ - смета генералниот секретар на Арапска лига.
-

Три лица приведени, а две повикани на службен разговор - ги малтретирале сопругите, партнерките, ќерките и снаите
-

Ова е момент кога мора да направиме разлика со опозицијата, работиме на 17 инвестиции и нови 5.000 работни места, вели Мицкоски
