Почнува 13. Меѓународен филмски фестивал „Астерфест“

Со доделување на наградите на годинашните лауреати Џеки Шепард и Коле Ангеловски, вечер во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе почне 13. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“, кој годинава се одржува под мотото „Меѓу фактот и фикцијата“.
Во текот на петте фестивалски денови кои ќе завршат на 30 јуни, публиката ќе има можност да погледне 40 ексклузивни кусометражни играни и документарни филмови во официјалната програма, Анимоушн, Глобална фикција и Ѕвездени документи, како и во ревијалните програми Мувиленд, Мери-Дионс, Посвети и Оберхаузен на турнеја.
Од организацијата на фестивалот информираа дека денеска следат проекции на филмовите: „Јас сум Сами“, повеќекратно наградуван филм на Кае Бахар, номинираниот за Оскар „Виолината на Џо“ на Кахане Куперман, оскаровецот „Пеј“, филмско остварување на Кристоф Деак, како и филмот на Ендрју Коутс и Лу Хаму-Лхаџ, „Позајмено време“, со номинација за Оскар.
Првата фестивалска вечер продолжува со блокот од шест анимирани филмови и исто толку танц-филмови . Тука се анимираните филмови од програмата Анимоушн: „Авионот“ на Хесус Мартинез, „Јажиња“ на Педро Солис Гарсија, „(Ин)феликс“ на Марија ди Раза, „Шетачот“ на Тибалт Шолет, „Гиро-танц“ на Пјотр Лоц Хоанг Нгоц, како и „Акт“ на Ацо Станкоски.
Истата вечер на програмата се и филмовите во програмата Мувиленд, и тоа: „Скроено“ на Аугенблик, „Нарушувања“ на Фелипе Фроза и Улрике Флеминг, „Како си денес“, филм на Чиу Чих Хуа, „Детски птици за камера“, филмски проект на Давид Дауриер и Ерик Минх Куонг Кастаинг, „Легни ме долу“ на Марлене Mилар, како и филмот на Фук Пак Џим, „Да речеме“.
Фестивалот продолжува утре претпладне во манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ во Вељуса, каде со почеток во 11:30 часот ќе бидат одржани портрети и беседи за лауреатите.
За наградите ќе одлучува меѓународно жири во кое членуваат филмските автори: Наталја Алтхаузер од Германија, Елена Мелончели од Италија и Срѓан Финк од Холандија.
Ново на Сител
-

Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
