Почнува 28. саем на книгата

Над 70 издавачки куќи ќе учествуваат на 28. Саем на книгата кој официјално ќе биде отворен вечер во 19 часот, во Метрополис арена.
За посетителите саемот ќе биде отворен од утре до 18 април. Од Скопски саем очекуваат околу 40.000 посетители на Саемот на книга кој, по Саемот на мебел, е втора саемска манифестација по посетеност во Скопје. Ќе биде понудена литература од домашни и од странски автори, белетристика, научни изданија, книги за деца, учебници. Издавачите ќе организираат и промоции и средби со автори на своите штандови, но и во Промотивниот центар во Метрополис арена во кој за седумте саемски дена се планирани над 30 промоции.
- Саемот на книга е една од најатрактивните саемски манифестации кој традиционално привлекува голем број публика. Околу 40 илјади посетители очекуваме во саемските денови од 12-ти до 18 април. Понудата е интересна и е за сечиј вкус и за сечиј џеб. Изложувачите индивидуално ќе одредат попусти на книгите, кои се движат од 10 до 70 отсто, така што по достапни цени ќе може да се збогати домашната библиотека. Ќе има штандовско претставување на изданијата, многу литературни читања, дружења со автори и промоции, рече на прес-конференција Сања Кондарко, проект-менаџер во Скопски саем.
Покрај домашни, ќе има и издавачи од Србија и Албанија, а Амбасадата на Шведска ќе организира презентација на литература за деца. Дополнителен настан што ќе го организира Скопски саем (на 14 април) е предавањето на хрватскиот писател, социолог и мотивациски говорник Бруно Шимлеша, кој е меѓу десет најчитани хрватски автори на книги од областа на популарната психологија.
Според најавите, саемот ќе го отворат писателите Раде Силјан и Сашо Димоски.
Работното време на Саемот е од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 30 денари, односно 20 денари за групни посети.
Ново на Сител
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
