Почнува седмата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Вкупно 45 учесници и 28 предавачи од Македонија, Европската унија, САД, Австралија и Египе
Целта на школата е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот.
Како што соопштуваат од кабинетот на Претседателот, меѓу предавачите на годинашната Школа за млади лидери се поранешните претседатели на Латвија и на Република Бугарија, Ваира Вике-Фреиберга и Петар Стојанов, градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, директорот на Евроконтрол, Франк Бренер, директорот на Александриската библиотека, Исмаил Серагелдин, директорот за човечки ресурси при европскиот центар за набавки на компанијата Хуавеи, Фан Меихуа, истражувач на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија, Ѓорѓија Петкоски, претседавачот на Извршниот комитет на Трилатералната комисија на Република Србија, Јован Ковачиќ, како и еден од водечките светски бизнис прогнозери и експерт за менаџмент и лидерство, Дејвид Голдсмит.
Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, успешни лидери на компании и претставници на етаблирани институции од Република Македонија, САД, Португалија, Република Србија и други земји.
Годинава школата е поддржана и од Фондацијата Алијанса на Цивилизациите, а на неа ќе учествуваат и претставници од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ од Азербејџан.
Во изминатите шест години на школата учествуваа 240 млади луѓе и над 140 предавачи, меѓу кои Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка Вацлав Клаус, на Србија Борис Тадиќ, на Бугарија Георги Прванов и на Албанија Бамир Топи, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, Иво Шлаус и Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од ЕУ, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.
Како што се посочува во соопштението, учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжува
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво