-->
-->
Почнуваат 47 научно-културни средби „10 дена Крушевска република“
-->
Крушево е подготвено за достојно одбележување на 112 годишнината од Илинденското востание и 110 годишнината од смртта на претседателот на Крушевската република Никола Карев со одржувањето на научно-културните средби „10 дена Крушевска република“ од 1 до 10 август, рече на денешната прес- конференција градоначалникот на Крушево и претседател на културно-научните средби, Ѓорѓи Дамчески.
Покровител на годинашново 47. издание на манифестација е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
- Свеченото отворање на манифестацијата е на први август во 20.30 часот на платото на споменикот „Македониум“ на Гумење со голем народен собир и богата културно-уметничка програма. Крушево е подготвено за манифестацијата и за пречекот на сите посетители. Извршени се сите подготовки, реконструиран е патот Крушево-Демир Хисар, како и главната сообраќајница во градот, влезот и платото на Гумење. Градот располага со доволен број сместувачки капацитети. Во наредните 10 дена со бројни настани, саеми, изложби, со богата програма, научни трибини ќе се потсетиме на еден од најславните моменти од историјата на македонскиот народ, момент кој треба да биде ѕвезда водилка за сите нас, изјави Дамчески.
Директорот на Историски музеј-Крушево Зоран Богески, воедно и член на Советот на манифестацијата, истакна дека како дел од програмата од годинава се враќа одржувањето научни трибини.
- Годинава, на 3. август во 11 часот во хотелот „Монтана палас“ ќе се одржи научната трибина „Илинден во историскиот континуитет и создавањето на македонската држава“ на која ќе учествуваат 6-мина еминентни научници, пред се, од Институтот за национална историја и од историски музеј Крушево, изјави Богески.
Според Марија Апостолоска од локалната самоуправа на Крушево, утре попладне пред Столбот на Крушевската република ќе бидат пречекани илинденските коњаници.
- Од 18 часот утре ќе пристигнат коњаниците од Лисиче, од Охрид, од манастирот „Бигоски“ и пешадијата од Битола, рече Апостолоска.
На 1.август напладне делегација на манифестацијата ќе ја посети спомен-куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Даме Груев. Почит ќе им биде оддадена и на илинденските востаници, пред бистата на Веле Марков, на гробовите на Питу Гули и на Тоше Проески на Гумење.
- На први август од 19.30 часот во споменикот „Илинден“ по повод 110 годишнината од загинувањето на претседателот на Крушевската република Никола Карев ќе биде отворена изложба на документи насловена „Никола Карев- патешествие низ документи“ во организација на историски музеј-Крушево. Свечениот чин на отворањето на научно-културните средби „10 дена крушевска република “ се од 20.30 часот на Гумење каде ќе се обратат претседателот и потпретседателот на манифестацијата, Ѓорѓи Дамчески и Манојил Јаковлески, ќе биде прочитан Крушевскиот манифест и ќе биде подигнат бајракот на столбот на Крушевската република, објасни Апостолоска.
Манифестацијата до 10. август ќе понуди и изложби, промоција на публикацијата „Крушево-градот на музеите-Првата Република, концерти и бројни други настани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите