-->
-->
Под дожд вчерашниот протест во Солун против Договорот со Македонија
-->
За „грчкиот карактер на Македонија“ и против Договорот од Преспа, граѓаните во Солун вчера одржаа протест пред Министерството за Македонија и Тракија.Со чадори и грчки знамиња во рацете стотици Грци и покрај дождот извикуваа слогани дека Македонија е грчка и дека не се согласуваат со потпишаниот Договор.
Собирот заврши со протест низ улиците на Солун, а мали инциденти се случија кога група од 50-ина лица, според солунските медиуми, нападнале припадници на анархистички организации, без да има повредени.
По завршувањето на собирот, непознати лица фрлиле боја врз споменикот на Холокаустот во центарот на Солун.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за конкретниот инцидент, преку Твитер, реагираше владиниот портпарол и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, упатувајќи обвинувања до Нова демократија.
- Нова демократија веднаш да го осуди сквернавењето на споменикот на Холокауст во Солун од страна на фашистите. Да престане да им нуди политичка покритие и легитимитет, напиша Ѕанакопулос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
