Македонија
10. July 2024 - 19:49

Под контрола пожарот во Делгошти

Ставен под контрола пожарот во струшко Делогожда но се работи на целосно гаснење.Од противпожарната единица од Струга најавија дека на терен се две возила со седум пожарникари ,опожарена е голема површина на багрем ,даб и бор а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.Само оваа недела биле регострирани 7 пожари.

Вчера во гаснењето од воздух со хеликопрет на МВР биле биле исфрлени над 20 тони вода со што пожарот бил ставен под контрола. Палењето оган на отворен простор е казниво по закон, со оглед на тоа што во наредниот период не очекуваат високи температури, а со самото тоа и можноста за пожари е голема, од притвпожарната единица со апел до жителите да бидат совесни, да наоѓаат безбедни методи за чистење на нивите, и да се однесуваат одговорно кога се наоѓаат во природа.

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТТПЕ) Струга, Фети Мазари појасни дека истото место било зафатено од пожар и пред две години при што била изгорена голема површина шума.