Подароци од градоначалникот Тони Коњановски за новороденчињата во Битола
На една минута по полноќ, во Болница „Плодност“ на свет дојде женско новороденче, Бојана, тешко 3360 грама, со должина 50 сантиметри, а во 01:42 минути во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на свет дојде Христина, потврдија од двете болници во овој град.
За време на посетата на болница Плодност, градоначалникот Тони Коњановски, на мајката Стефани Чалеска Димитријевска и подари вредносен ваучер и подароци за новороденчето, во име на општината.
-Искрени честитки по повод Новата година до тимот на Болница Плодност, којашто имаше успешна година, честитки до првородените, имаме прво женско родено бебе и се надеваме дека ќе имаме плодна година. Посакувам успешна работа во оваа година, а мајките и родителите поубав подарок за Новата година не можеа да добијат. Општина Битола е тука да помогне колку што може, да создава услови младите да останат во нашиот град, истакна Коњановски.
На првиот ден во Новата 2023 година, во Болница Плодност се родија две бебиња. Покрај првороденото во 00:01 часот, во 05:01 часот се роди и Александар, со родилна тежина 2730 грама и должина 48 сантиметри. На неговата мајка Славица Тановска од Ресен, градоначалникот исто така и подари ваучер и подарок за новороденчето.
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе