Поддршка од Ахмети за Нимиц во решавањето на спорот со името
Медијаторот на Обединетите нации за спорот за името Метју Нимиц попладнево по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека имале конструктивни разговори, потенцирајќи оти секогаш добива добри совети од Ахмети.
- Разменуваме мислења за тоа како да се реши прашањето. Многу ги почитувам неговите ставови и секогаш добивам добри совети од него. Разговаравме и за тоа дека процесот напредува. Добив и уверување дека ќе игра конструктивна улога во напорите да се изнајде фер и разумно решение, изјави Нимиц по средбата.
Лидерот на ДУИ изјави дека му дава целосна поддршка на медијаторот во неговата мисија за решавање на спорот со името.
- Ние му даваме целосна поддршка на Нимиц во оваа многу знајачна мисија што ја има и се надеваме дека што е можно поскоро ова прашање да има епилог затоа што има големо влијание врз нашата иднина, но и врз мирот и стабилноста, изјави Ахмети,
Тој не сакаше да коментира за предлози за името, бидејќи, како што рече, тоа нема да му служи на процесот.
Покрај со Ахмети, медијаторот Нимиц денеска оствари средби и со државниот врв и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
