Поддршка од Јапонија за справување со мигрантската криза

Владата на Јапонија одлучи со грант во износ од 150.000 американски долари директно да ги поддржи локалните власти во Гевгелија и Куманово, кои се најпогодени од мигрантска криза во Македонија.
Како што информираат од Амбасадата на Јапонија со седиште во Виена, преку Грант програмата за поддршка на мали проекти (ГГП) Јапонија ќе помогне во рехабилитација и обнова на медицинска опрема за ЈЗУ Општа Болница - Гевгелија и набавка на специјализирано возило за отпад и контејнери за општина Куманово.
Ова е четврта помош од Јапонија за мигрантската криза во Македонија. Од минатиот септември до сега, поддршката од Јапонија за централната и локалните власти во Македонија изнесува над 5,2 милиони американски долари (4,2 милиони евра).
Во септември Јапонија додели грант од околу 930.000 американски долари за поддршка на бегалците во Македонија преку УНХЦР, ИОМ и Меѓународниот Црвен крст.
Во ноември уште 1,2 милиони американски долари за поддршка на планот на УНХЦР за справување во зимски услови со бегалската криза во Македонија.
Во јануари 3 милиони американски долари, преку дополнителен буџет на државата, за проектите на УНДП и УНИЦЕФ за поддршка на локалните власти и поддршка на жени и деца – бегалци и мигранти.
Ново на Сител
-

Променливо време со дожд, грмежи и заладување
-

Грант од 500.000 евра за УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании
-

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
-

Повторно дојави за бомби во Загреб, во тек евакуација на основни и средни училишта
-

Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
-

Белгискиот премиер со став дека ЕУ треба да почне преговори со Русија за окончување на војната во Украина
-

Директорот на египетската репрезентација: Салах има скината тетива и ќе му бидат потребни четири недели лекување
-

ЕСПН: Нејмар го пропушти тренингот на Сантос без да објасни зошто
