Подготвен теренот за изградба на нова детска градинка во Кочани
Општина Кочани ја заврши обврската за подготовка на теренот на кој ќе се гради нова детска градинка, по што изведувачот Заедничко вложување „ВИА инженеринг“ од Вевчани, „Дрво пром“ од Мородвис и „Промонтинг“ од Скопје е воведен во градежните работи.
Претставници од Министерството за труд и социјална политика, од Општина Кочани и од главниот надзор „Геинг“ од Скопје извршија увид на градежната парцела во населбата Драчевик и ги утврдија законските обврски на сите вклучени страни во градењето на новиот објект.
-Во зависност од временските прилики во овој период, очекуваме градежните работи да почнат наскоро. Конечно, по две години административна работа и по неколку децении од изградбата на последната, почнува да се гради нова детска градинка во Кочани. Таа ќе биде современ, компактен, објект од отворен тип, проектиран според најсовремени стандарди, со можност за поширока комуникација меѓу децата и за поттикнување на нивната креативност. Покрај тоа, градинката ќе има најсовремена фотокаталитичка фасада што ќе дава ефект на 40 дрвца и ќе го прочистува воздухот во околината од смог и загадување, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Според стручните служби од Министерството за труд и социјална политика, градинката во Кочани ќе се гради според високи критериуми за заштита на животната средина, за што е вклучен и надворешен соработник од консултантска компанија кој во текот на работата ќе го следи почитувањето на правилата за зачувување на животната средина од страна на изведувачот.
Новата градинка во населбата Драчевик е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го реализира Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка, со цел да се зголемат капацитетите за сместување на деца од претшколска возраст.
Според договорот, рокот за изградба на детската градинка е 16 месеци.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола