Поднесени 12 предлози за раскинување договори за закуп на земјоделско земјиште
Нема да биде дозволено никакво отстапување од договореното при закуп на земјоделско земјиште, соопшти попладнево Државниот инсекторат за земјоделство, изнесувајќи ги најновите бројки од спроведените контроли на терен.
- Во првите пет месеци од годинава во однос на постапувањето по Законот за земјоделско земјиште се извршени вкупно 441 инспекциски надзори. Во однос на преземените мерки се изречени 53 решенија, 16 едукации, 22 порамнувања, едно барање за поведување прекршочна постапка и е поднесена една кривична пријава, информира Инспекторатот.
Поради непочитување на обврските од склучените договори за закуп, како и непочитување на одредбите од Законот за земјоделското земјиште, во овој период до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се доставени 12 предлози за раскинување на договорите за површина од околу 279 хектари, 38 ари и 49 метри квадратни.
- За споредба, лани се извршени вкупно 1.368 инспекциски надзори по Законот за земјоделско земјиште. Откако е утврдена состојбата се преземени повеќе мерки и тоа: 117 решенија, 55 едукации, 43 порамнувања, 16 барања за поведување на прекршочна постапка и поднесени се две кривични пријави. Поради непочитување на обврските од склучените договори за закуп, како и непочитување на одредбите од Законот за земјоделското земјиште во 2015 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, доставени се 28 предлози за раскинување на договорите за површина од околу 385 хектари, 68 ари и 15 метри квадратни, наведува Инспекторатот.
Државниот инсекторат за земјоделство, како што подвлекува во соопштението, континуирано ја следи состојбата со земјоделското земјиште и исполнувањето на договорите за закуп на земјоделско земјиште со цел да бидат исклучени девијантни појави.
Ново на Сител
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“
-
Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници