Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поднело обвинение против тие лица во врска со трагичниот настан од 1 ноември годинава . Наведено е дека – меѓу обвинетите е и Ј. Т.
(Јелена Танасковиќ) поранешен в. д генерален директор на „ Инфраструктура на железница на Србија “ , Г. В. (Горан Весиќ) поранешен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, А. Д.
(Анита Димовски) поранешен помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н. Ш.
(Небојша Шурлан) поранешен генерален директор на „Инфраструктура на железница на Србија“. Тие се товарат за сторено кривично дело Тешко дело против јавната безбедност од член 288 ст.
2 од Кривичниот законик. Обвинението, е поднесено по завршување на истражната фаза од кривичната постапка со издавање на Наредба за завршување на истрагата.
Обвинението е поднесено до Вишиот суд во Нови Сад, придружено со целата документација собрана во текот на предистражната и истражната постапка, како и сите други докази кои го поткрепуваат постоењето на основано сомнение за поднесување обвинение.
Обвинителството побара продолжување на притворот за оние кои веќе се во притвор, како и враќање во притвор на оние кои моментално се на слобода, вклучително и поранешниот министер Весиќ.
Ново на Сител
-

АХВ потсетува на законската обврска: Кучињата мора да бидат микрочипирани
-

Николоски: Воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници
-

Одронот пред патарина во Велес е расчистен, сообраќајот на автопатот Скопје - Велес е нормализиран
-

Законот за минимална плата од 600 евра денеска пред пратениците
-

Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
-

Почна Рамазанскиот пост
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
-

Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија
