Loading Video...
Ф1
27. July 2019 - 17:12

Пол-позиција за Хамилтон на германското Гранд-при

Светскиот првак Луси Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешното германско Гранд-при. 
 
На денешните квалификации на патеката Хокенхајм каде утре ќе се вози 10-тата трка во Формула 1 шампионатот, најдобро време оствари Хамилтон. 
 
Возачот на Мерцедес до својата четврта овосезонска пол-позиција стигна пред Макс Ферстапен од Ред Бул. По истиот редослед (Мерцедес и Ред Бул) ќе биде пополнет и вториот стартен ред од кој трката ќе ја започнат Валтери Ботас, Пјер Гасли
 
Уште еден разочарувачки настап имаа возачите на Ферари па , откако механичарите не успеаја да ги отстранат проблемите со болидот фетел тој ќе започне од последното, додека неговиот тимски колега Леклер, од десеттото место.