Македонија
17. April 2024 - 15:46

Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит

Полицајци затекнале пет момчиња додека пишувале графит и им одзеле канти со поликолор, информира МВР.

- На 17.04.2024 во 02.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги затекнале Ј.М.(24) од Скопје, П.Н.(23) од Прилеп, Д.Б.(23) од Скопје, М.Ј.(25) од Битола и А.М.(24) од Скопје додека пишувале графит. Од нив биле одземени неколку канти со поликолор и боја и други предмети, соопшти МВР.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.