Полицајците од СВР Тетово годинава дарувале вкупно 180 единици крв
Во полициската станица во Тетово денеска се собраа 15 единици крв во рамки на шестчасовната крводарителска акција. Ова е трета акција во текот на 2019 спроведена во тетовската станица.
– Уште една успешна крводарителска година на СВР Тетово. Со денешната, трета крводарителска акција вкупната бројка на собрани единици крв на тетовско-гостиварското подрачје изнесува околу 180, што несомнено претставува респектабилна бројка и потврда повеќе дека вработените во СВР Тетово и натаму остануваат активни поддржувачи на крводарителството на овие простори, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Организаторите на крводарителските акции во СВР Тетово се надеваат и очекуваат дека и наредната, 2020 година на овој план ќе биде подеднакво успешна и дека ќе продолжат со афирмација и унапредување на крводарителството, посебно меѓу помладите вработени.
Изминатиот период вработените во СВР Тетово одвоија дел од платите со намена да се соберат средства кои беа испратени како хуманитарна помош за настраданите семејства од пожарот во Албанија.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар