Полицијата прекинала забава во угостителскиот објект во гостиварско Неготино
Полицијата го лишила од слобода сопственикот на угостителски објект во гостиварско Неготино. Во неговиот објект бил отворен и покрај ограничување на работното време, а во него имало гости и музичари.
Според СВР Тетово во акциската контрола на полициски службеници од ОВР Гостивар, која била направена во периодот од 21:40 до 23 часот во објектот, што се наоѓа покрај автопатот Гостивар-Тетово биле затекнати дваесетина гости и 11 женски лица на возраст од 19 до 32 години. Седум од нив биле македонски државјанки, а четеири со албанско државјанство. По контролата, сопственикот С. Т. (20) и странските државјанки се задржани во полициската станица.
Приведените се сомничат дека го злоупотребиле туристичкиот престој и во земјава престојувале спротивно на целта. На сопственикот по лишувањето од слобода ќе му биде поднесена кривична пријава за непостапување според прописите со кои се определуваат мерки во време на епидемија член 206.
Инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по контролата донеча решение за затворање на објекто на опеделно време.
Ново на Сител
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија