Македонија
22. August 2024 - 13:03

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

На влезот во Велес вчера попладне, околу 18:40 часот, полициски службеници од СВР Велес пронашле тројца мигранти од Мароко,информираат денеска од СВР Велес.

Појаснуваат дека мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, кои ги пренеле во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.