Македонија
8. December 2021 - 16:03

Полицијата уапси две лица од Пробиштип кај кои биле пронајдени шишиња со метадон

На 07.12.2021 во 10.15 часот на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода И.Ј.(38) и Д.М.(33), двајцата од Пробиштип, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени шишиња со метадон.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.