Македонија
17. September 2024 - 12:25

Полначи за електрични возила на југот од Македонија

Центарот за развој на Југоисточниот регион планира поставување на  електрични полначи за возила во сите десет општини

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион планира да инсталира полначи за електрични возила во сите 10 општини од овој дел на Македонија.За таа цел веќе е изготвена и обемна техничка документација, прва од таков тип во државата.  Според проекциите планирано се вкупно 20 такви станици од кои 5 ќе бидат во Струмица, 3 во Радовиш, по 2 во Гевгелија, Босилово, Богданци и Ново Село и по една во Валандово , Конче и Василево.  Полначите ќе бидат со моќност од  150 kW, а максималното време за полнење на едно возило е 25 минути. Од центарот најавуваат дека веќе лоцирале средства за првите шест станици и наскоро најавуваат постапка за нивно обезбедување.

Реализацијата на проектот нема да значи само модернизација на регионот и обезбедување на  одржливи транспортни решенија, туку и намалување на загадувањето на животната средина и одобрување на туристичкиот потенцијал.

Проектот се реализира so поддршка на министерството за локална самоуправа и во соработка со УНДП, шведската агенција Сида, и бирото за регионален развој. Истиот  е дел од првиот повик на УНДП за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти и е оценет како најдобар меѓу 69 апликанти.