Loading Video...
Свет
1. February 2023 - 16:36

Половина милион државни службеници во Велика Британија излегоа на протести барајки повисоки плати

Половина милион државни службеници во Велика Британија излегоа на протести барајки повисоки плати. Во најголемиот штрајк  во Велика Британија последната деценија учествуваат наставниците, возачите во јавниот превоз, вработените во јавната администрација и универзитетските  професори.  Штрајкувачите бараат зголемување на платите поголемо од стапката на инфлација за да можат да ги покријат високите цени на храната и енергијата.  За наредната недела се најавени штрајкови на медицинските сестри, вработените во санитетските служби и во службите за итна помош.

Шеесет и осумгодишна жена синоќа  починала на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако ѝ се слошило во авион што летал на релација Келн-Ниш. Поради нејзината состојба, авионот принудно слетал на аеродромот во Белград. Според првичините информации таа најверојатно починала од природна смрт.

Вашингтон подготува  нова воена помош за Украина вредна 2,2 милијарди долари, која ќе вклучува ракети со подолг дострел од досега испорачните . Станува збор за  проектили прозиведени од боинг чиј дострел е околу 150 километри. Деталите за пакетот ќе бдиат објавени во текот на неделата соопштија американските власти. Новоот оруќје  ке го екслаира конфликот порача портроалот на Кремљ  но додаде дека тоа нема да го промени текот на настаните, воената операција ќе продолжи. Инаку од денеска стапи на сила, руската забрана за испорака на нафта во земјите и компаниите што се придрќуваат до горната граница за цената на руската нафта што ја воведоа западните земји, како одогоовр на војната на Моксва против Украина.

Голем дел од Соединетите Американски Држави, од Тексас на југ до Западна Вриџинија на истокот на земјата е погоден од зимско невреме проследено со  ледена бура.  Најмалку две лица загинаа на патишата во Тексас  а според метеоролозите ледената бура ке продолжи да создава опасни услови за патување.  Повеке од 1900 летови од американските аеродроми се откаќани  а улиштатата и колеџите во  Тексас, Оклахома и Арканзас се затворени.