Полскиот роман „Темно, речиси ноќ“ преведен на македонски
„Македоника литера“ го објави романот „Темно, речиси ноќ“ на полската писателка Јоана Батор, кој во 2013 година е награден со најпрестижната книжевна награда во Полска – НИКЕ.
Како и во претходниот роман на Батор „Песочна Планина“, и овде авторката раскажува за својот роден град Валбжих, а неизбежен поврзувачки елемент меѓу судбината на главните ликови и овој град е замокот Ксјонж и последната дама во овој замок, принцезата Дејзи.
- „Темно, речиси ноќ“ е роман исполнет со мрачни делови, но исполнет и со магија – во него се појавуваат два сосема спротивни магични ентитета, мачкарките како чувари од злото и мачкојадите како уништувачи на доброто. Овој роман е роман за злото, но и за доброто, за темнината и светлината, за постојаната борба меѓу нив, соопшти издавачот.
Јоана Батор (1968) е писателка, новинарка и фељтонистка. Во Варшава завршила културолошки студии и филозофија, а докторирала на тема за феминизмот, постмодернизмот и психоанализата. Предавала филозофија на неколку универзитети (Варшава, Њујорк, Лондон, Токио). Автор е на неколку научни публикации, а од 2009 година поинтензивно ѝ се посветува на литературата. Живее во Варшава. Други позначајни дела на Јоана Батор се: „Песочна Планина“, „Јапонско ладало“,и „Ајкулата од паркот Јојоги“. Нејзините дела се преведени на повеќе јазици.
И „Темно, речиси ноќ“ е преведен на неколку јазици, а ова е второ дело на авторката објавено на македонски јазик – по романот „Песочна Планина“, и двете во превод на Анета Сапета.
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем