Македонија
5. March 2021 - 19:56

Поминаа две недели, а детали за случајот „Мијалков“ се уште нема

Две недели поминаа, а детали за случајот „Мијалков“ нема. За тоа како исчезна и каде бил два дена поранешниот шеф на тајната полицијата, министерството за внатрешни работи се уште собира докази. Министерот Спасовски вели дека истрагата е во тек

Од Обивнителството велат дека случајот е во предистражна постапка. Интензивно превземаат дејствија и обезбедуваат докази за евентулано сторено кривично дело.

Со цел да не и се наштети на постапката, Обвинителството не е во можност да сподели повеќе детали додека не ги добие првичните конкретни наоди од направените проверки, велат од Обвинителството.

Од друга страна, невладиниот сектор бара спроведување на темелна истрага за околу бегството на Мијалков. Сметаат дека ова е пропуст на надлежните, а  како пример го посочуваат бегството на повеќе поранешни функцинери, меѓу кое и она на Груевски.

Поранешниот шеф на УБК, исчезна неколку дена пред да ја чуе пресудата за случајот Таргет-Тврдина. Два дена ниту полицијата, ниту Обвинителството не знаеше каде е. За потоа, Мијалков, сам да се појави во Обвинителството. Сега тој е во притвор во Шутка, по изрекување на 12 годишната казна затвор за случајот Таргет-Тврдина.