Помпео: Руската интервенција не влијаеше на исходот на изборите во САД
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео изјави дека руската интервенција во претседателските избори во САД во 2016 година не влијаела врз резултатот од гласањето.
- Оценката на разузнавачката заедница е дека руската интервенција не влијаеше врз исходот на изборите, рече Помпео.
Највисоко поставениот демократ во Комисијата за разузнавање на Конгресот, Адам Шиф го критикуваше Помпео за оваа изјава.
- Бев длабоко разочаран кога слушнав за изјавата на директорот на ЦИА Помпео дека разузнавачката заедница открила оти руската интервенција на нашите избори немала никаков ефект врз исходот. Всушност, разузнавачката заедница не установила такво нешто, ниту пак можеше, посочи Шиф.
Помпео, исто така, кажа на безбедносниот форум во Вашингтон дека ИД е во позиција да организира напад врз САД, можеби со уривање на авион, откако беше протерана од сирискиот град Рака.
Тој, исто така, додаде дека Северна Кореја за неколку месеци ќе го подобри својот потенцијал на нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат