Македонија
28. July 2021 - 17:53

Поништена пресудата за функционерите на ДУИ

Судењето за Ејуп Алими и Исмет Гури за случајот „Титаник 3“, почнува од почеток. Апелациониот суд ја укина пресудата за двајцата функционери на ДУИ кои беа осудени на затвор од по три и пол години. Во краткото известување од судот се наведува дека биле прифатени нивните жалби и се укинуваат затворските казни.

„Постапувајќи по предметот „Титаник 3“, се донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. и Е.А. , со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд на повторно постапување и одлучување“

Алими и Гури се обвинети за изборни нерегуларности од 2013-та година, бидејќи како што се наведува во обвинението, учествувале во преправање на записници од гласањето во Чаир.

Министерот за правда негира дека зад одлуката на Апелациониот суд постоел политички договор на партиите од владејачката коалиција.

„Јас можам да ве уверам дека на ниво на владата и коалиционите партнери немало никакво пазарање за судски случаи, ниту пак таква дискусија некогаш се наметнала“, изјави Бојан Маричиќ, Министер за правда.

Во меѓувреме, од денеска па се до крајот на 2023 година, Европската унија и ОБСЕ ќе ги следи судењета за висока корупција, за како што велат, спроведување на правдата како неопходен услов за пристапување кон ЕУ.