Македонија
27. August 2023 - 19:28

Попладнево се удави турист во Охридското Езеро

 

Странски турист попладнево се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум.

Според првичните информации од полицијата, станува збор за странски државјанин роден 1958 година, државјанин на соседна Република Албанија.

Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта.