Македонија
25. February 2026 - 12:23
Поплавите предизвикаа штети на земјоделските површини
Поплавите кои изминатиот период го зафатија охридскиот регион предизвикаа некаде помали, но, некаде и поголеми штети на земјоделските површини. Преголемото количество на врнежи и влага предизвикa појава на болести на родот а за дел од мештаните тоа е главна егзистенција.
Стојаноски од еколошкото друштво Грашница апелира инситуциите да се ангажираат во текот на целата година од терен да ја следат состојбата со речните корита.
Човечки фактор и масовната сеча на шумата се едни од главните фактори за поплавите.Инаку последните излевања на реките најголема штета направија токму во југозападниот регион, а најкритично поминаа Кичево и Охрид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
