Попова: Шилегов нема преземено ниту една мерка за справување со загадувањето
Воздухот во Скопје станува се позагаден, светските медиуми известуваат за Скопје и Македонија како подрачје каде загаденоста на воздухот е најголема во Европа. Петре Шилегов кој година дена е градоначалник нема преземено ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот.
Подолг период не функционираат мерните станици во Гази Баба и Лисиче, а мерната станица во Ѓорче откако покажа енормно ниво на загаденост беше изгасена. Власта наоѓа пари за луксузирање, скапи цвеќиња, кафе и лубриканти, но нема пари кога станува збор за поправка на мерните станици.
Шилегов и Министерството за животна средина да не наоѓаат изговори и во најбрз можен рок да извршат сервисирање и поправка на расипаните мерни станици. Обврска на власта, а право на граѓаните е да знаат за квалитетот на воздухот кој го дишаат.
Граѓаните не смее да бидат држени во незнаење и мрак во однос на животната средина и воздухот кој го вдишуваат. СДСМ не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните.
Шилегов и СДСМ ги изманипулираа граѓаните, едно од главните предизборни ветувања на градоначалникот беше чист воздух и чиста животна средина. На страница 7 од програмата на Петре Шилегов за локалните избори која ја нарекоа „живот за сите“, напишаа: – „Наш приоритет е подобрувањето на квалитетот на воздухот, а со самото тоа и квалитетот на животот за сите. Во градот ги носиме најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешнината, применети во најзагадените градови во светот, каков што е, на пример, градот Пекинг.“ – Една година подоцна ништо од почистиот воздух и ништо од револуционерните решенија.
Една година како Шилегов е градоначалник, а тој нема преземено ниту една мерка за справување со загадувањето, а не пак нешто револуционерно како што ветуваа. СДСМ и Шилегов ги излажаа скопјани и тоа за најчувствителното прашање, токму затоа треба да си замине.
Ново на Сител
-

Полициски пресретнувач го сними со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово: Уапсен 27-годишник од Гостивар
-

Форензичката психијатрија во фокусот на меѓународна конференција во Охрид
-

Уапсен 20-годишен кавадарчанец, поседувал марихуана
-

Ги погоди сите седум броеви и стана мултимилионер: Германец освои 120 милиони евра на Евроџекпот
-

Данска воведува построги правила во училиштата: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против учениците
-

Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација
-

Гаши се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен
-

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август

