Поради лизгав пат на делницата Велес - Штип се превртело возило, маж и жена со телесни повреди
Попладнево околу 15,07 минути поради лизгав коловоз и мраз се случи сообраќајна несреќа на делницата Велес-Штип, над месноста викана Ѓубриште во која се превртело возило со сопружници од велешкто село Бузалково.
Како што информира за МИА началникот на Брза Помош д-р Василка Пановска Поп Стефанова тие се здобиле со телесни повреди.
На местото на настанот била д-р Јадранка Мишкова од службата за Итна Помош која за МИА, информира дека и мажот и жената се здобиле со повреди на главата, а мажот и со повреди на рамо и шака и по укажаната прва медицинска помош со возило на Итна помош биле пренесени во Хирушките амбуланти на велешката Општа Болница.
-Во 15 и 30 минути на одделот за хирургија при ЈЗУ Оопшта болница – Велес од страна на Итна медицинска помош биле донесени се две лица повредени во сообраќајна незгода и тоа маж на возраст од 63 години и жена на 62 годишна возраст. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди, информира д-р Елеонора Јованова портпарол на велешката болница.
Како што информира за МИА,д-р Љупчо Леов ортопед, кој ги прегледал повредените, тие биле снимени и имале телесни повреди. Тие им препорачале да останат на набљудување во болницата, но повредените одлучиле да потпишат и да си заминат дома.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
