Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет

Судскиот совет денеска ја одложи 534. седница поради немање кворум, бидејќи на седницата присуствуваа само шест од вкупно 15 члена.
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информираше дека поради недоволниот број присутни членови не се исполнети условите за одржување на седницата, по што таа е одложена, а новиот термин дополнително ќе биде соопштен.
-Дел користат годишен одмор, дел се на боледување, изјави Камбовски.
На двајца членови Миљазим Мустафа и Селим Адеми им е истечен мандатот, а на седницата не беа присутни и членовите по функција, министерот за правда и претседателот на Врховен суд.
На дневен ред на 534-та седница на Судскиот совет се повеќе точки, меѓу кои за престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност.
Дневниот ред опфаќа и расправа по Пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025, за уставната судијка Елизабета Дуковска, како и по Известувања за утврдена фактичка состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
