Поради невремето во Србија евакуирани над 100 лица и изгаснати 20 пожари
Припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) во вторникот попладне и навечер поради невремето пропратено со град во некои делови на Србија, а најлошо беше во Белград, Краљево, Сјеница, Нова Варош, Крушевац, Смедерево и Ивањица, имаа 91 интервенција низ државата, од кои 20 беа пожари, од кои најголем дел од громови во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Сите пожари се изгаснати, а повредени лица нема. Пожарникарите спасија 10 лица од поплавените згради и возила, се наведува во соопштението на Секторот за вонредни состојби на МВР.
Во сите интервенции беа ангажирани околу 230 пожарникари, спасувачи, 100 возила и 33 пумпи за вода.
Припадниците на Одделението за вонредни состојби интервенирале и за испумпување на вода од зградите во Белград, Крушевац и Ивањица, а во тек се интервенции во Крушевац, Панчево и Белград.
-Количеството на вода што падна не беше ниту во 2014 година, кога имаше големи поплави во Србија. Над 400 луѓе синоќа беа на терен. Во централните општини наврнале меѓу 40 и 50 литри на метар квадратен, а во периферните општини повеќе. При тоа, се што е над 20 литри се смета за катастрофа. Во Земун наврнале 128 литри на метар квадратен, што не е евидентирано – изјави градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, на денешната прес-конференција посветена на обилните врнежи во Белград синоќа.
Во расчистувањето на последиците од силното невреме што го зафати Белград беа ангажирани повеќе од 160 полицајци од различни организациски единици на Единицата за интервенции, Полициската бригада, од полициски станици и противпожарни спасувачи, кои имаа 78 интервенции, од кои 18 за гаснење пожари предизвикани најмногу од удари од гром, соопшти МВР.
Од загрозените делови на градот, меѓу кои од Нови Београд, Бежанијска Коса и Земун, особено населбите Плави хоризонти и Бачки Иловик, евакуирани се над 30 лица, меѓу кои седум само од Бачки Иловик, се наведува во соопштението.
Полициски службеници во сите делови на градот им помогнаа на своите сограѓани кои останаа заглавени во автомобили и автобуси поради поројната вода предизвикана од невремето. Повеќе од 100 луѓе се извлечени од автомобили и автобуси, како и неколку автобуси и околу 50 автомобили се извлечени од водата
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО