Поранешни раководители на разузнавачки служби на САД најсериозни кандидати за директори на НСА и ЦИА
Двајца поранешни високи раководители на разузнавачки служби на САД, Мајк Морел и Аврил Хејнс се најсериозни кандидати за позициите директор на Националната безбедносна агенција (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА) под администрација на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, пренесуваат американските медиуми.
Морел беше заменик на ЦИА за време на администрацијата на Барак Обама од 2010 до 2013 година, кога двапати беше и вршител на должноста директор на таа разузнавачка служба.
Под администрацијата на Обама, Хејнс беше и заменик директорка на ЦИА, но и на позицијата заменик советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама.
Потенцијални кандидати се и Мајкл Летер, поранешен службеник за безбедност на владата на САД и директор на Националниот центар за антитероризам и Мајк Роџерс, поранешен републикански конгресмен кој претседаваше со Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот на САД.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава