Поранешното момче на Мелани Трамп откри детали за нивната врска
Петер Бултон, новинар од Словенија, бил во врска со првата дама на САД, Мелани Трамп додека таа живеела во Словенија и не била воопшто позната. Бултон за медиумите откри како тие се запознале, детали од нивната врска, но и причината зошто нивната љубов завршила неславно, јави „Глас српске“.
- Во врска бевме три месеци. Јас точно се сеќавам, таа заврши училиште и летото беше пред нас. Во тоа време целата екипа се собираше на Тромостовљ во Љубљана. И Мелани дојде со нејзиното друштво. Јас одев во гимназија, а таа беше во средно училиште за дизајн, се потсети Петер.
- Љубљана е мала, сите се знаевме и секако веднаш забележуваш ново лице во друштвото. Таа беше убава, витка, јас испиев малку повеќе, се охрабрив и го направив првиот чекор. Така се почна, раскажа словенечкиот новинар.
Тој се потсети како на нивната прва средба по Мелани дошол во станот во кој таа тогаш живеела.
- Тоа беше мал стан, едноставен. Таа таму живееше со сестрата Инес, која беше четири години постара. Прво тие живееле со таткото во изнајмен стан, а потоа тој им купи стан. Таа само два пати беше во мојот стан. Ни беше убаво, онака на младешки начин. Таа не сакаше долги излегувања, не пиеше алкохол како другите девојки. Нашето дружење се прекина кога заминав на отслужување на воен рок во Јастребарск. Од тогаш не сме се слушнале.
Ново на Сител
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка