Пораст на рејтингот на Ангела Меркел
Популарноста на германската канцеларка Ангела Меркел забележа пораст во октомври, а тоа најверојатно се должи на нејзиното признавање дека направила грешка во политиката кон бегалците, обајави весникот „Велт“.
Според најновата анкета на „Дојчландтренд агенцијата Инфратест Думап“, 54 отсти на граѓаните изјавиле дека се многу задоволни или задоволни од работата на канцеларката, што е пораст од девет проценти во однос на септември.
Таков раст на популарноста досега немал ниту еден друг политичар, а нејзиниот најгласен критичар за бегалската криза, премиерот на Баварија и лидерот на Христијанско-социјалната унија Хорст Зехофер, истовремено ја изгуби поддршката од граѓаните. Всушност, само 37 отсто од испитаниците изјавиле дека се многу задоволни од работара на Зехофер, додека во септември го поддржувале 44 проценти.
Рејтингот на Меркел е во пораст и во покраините Мекленбург-Долна Померанија и Берлин, каде граѓаните на изборите во септември ги казнија владејачките партии.
Резултатите од анкетата покажуваат и дека поомилен од Меркел е министерот за финансии Волфганг Шојбле, а најпопуларен е шефот на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер, кој има поддршшка од 75 отсто од испитаниците.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга