Пораст на заболените од грип во државава

Во текот на 48. недела од 2025 година, од 24 до 30 ноември, во државава пријавени биле 114 случаи на грип - на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени попладнево, за 25.3 отсто тоа е повеќе во однос на минатата недела. Додека, споредбено со 48. недела од минатата сезона, се забележува зголемување од 75,4 проценти, а во однос на моделот за последните 15 сезони - се регистрира зголемување од 2,7 отсто.
Од ИЈЗ информираат дека заболените лица оваа недела се регистрирани во 11 ЦЈЗ/ПЕ, односно во Куманово - 49, Струмица - 16, Штип -11, Тетово - 9, Гостивар - 7, Прилеп и Кавадарци - 6, Македонски брод - 5, Неготино - 3 и Радовиш и Скопје со по еден пријавен случај.
Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 776, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 70,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони - се регистрирани зголемување од 25,9 отсто. Кумулативно, заболените се пријавени од 15 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрирани на територија на Гостивар, a највисока кумулативна инциденца се регистрира на територијата на Македонски Брод. Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група што опфаќа најголем дел од населението - од 15 до 64 години - 584 случаи.
Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
