Loading Video...
Фудбал
17. September 2021 - 11:20

Пораз на Ристовски и Адеми, со Динамо, додека Елмас со Наполи извлече „реми“

Македонските репрезентативци кои со своите екипи настапуваат во второто по квалитет европско клупско натпреварување Лигата на Европа, не успеаја да се радуваат на победа. 
 
Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои настапуваат за загрепски Динамо се поразени од Вест Хем во меч 1.коло на Х групата. 
 
На средбата одиграна на „Максимир„ гостите од Англија забележаа победа со 2:0 со головите на Микаил Антонио во 22-та и Деклан Рајс во 50-тата минита. 
 
Адеми го одигра целиот меч, а Ристовски кој беше стартер беше заменет во 66-минута од средбата. 
 
Наполи на Ељиф Елмас извлече бод на гостувањето во Англија кај Лестер. 
 
Домашниот тим имаше предност од два гола откако Ајозе Перез во 9-тата го постигна првиот, а Харви Барнс во 64-минута беше стрелец на вториот погодок за Лестер. 
 
Во истата минута Елмас беше уфрлен во игра во тимот од Неапол, кој со двата гола на Виктор Осимхен во 69-тата и 87-минута стигна до израмнување на 2:2. 
 
Нашиот репрезентатовец имаше и шанса, но неговиот удар домашниот голман Шмајхел го одбрани.