Loading Video...
Кошарка
22. February 2021 - 20:14

Поразот во Скопје од Естонија ги одлучи европските квалификации

Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа недоволна победа од 86-84 против селекцијата на Естонија и не успеа да се квалификува за следното ЕП пред се поради убедливиот пораз од Естонците во Скопје. 
На турнирот во Перм нашата судбина по вчерашната победа против Италија ја решаваше токму мајсторката со Естонија . Но како и вчера и денеска избраниците на селекторот Александар Тодоров лошо го започнаа натпреварот  и дозволија противникот во првата четвртина да направи солидна предност која се покажа како пресудна иако  Македонија ја врати неизвесноста со надеж дека во вториот дел работите ќе тргнат во наша корист. За жал тоа не се случи  и  Естонците користејќи ги нашите грешки се одлепија на високи 49-38 што беше најава дека тешко ќе ја достигнеме посакуваната победа од плус 10 поени разлика. 
Во продолжението од мечот Македонија направи серија од 8-0 и тука застана. Се покажа дека противникот знае да го контролира резултатот и со нов притисок направи опиплива предност која ние доцна ја анулиравме и мечот заврши само со пирова победа од 86-84. 
Димитријевиќ и Трајковски беа најефикасни во нашиот тим со 23 односно 21 поен додека Вајли застана на 19.