Живот
7. May 2018 - 15:36

Порно актерката му порача на Трамп: Доаѓа бура, душо!

Порно актерката Сторми Даниелс изненадно се појавила „Сабота навечер во живо“ и на претседателот на САД, Доналд Трамп му порачала дека доаѓа бура.

Поттикната од гафовите на Доналд Трамп, порно актерката се глумела самата себе во сатиричната емисија, оставајќи голем впечаток за што пишуваат многу светски медиуми.

Во приказ на Белата куќа, шоуто „Сабота навечер во живо“ собрало познати телевизиски и холивудски актери, како Скарлет Јохансон, која ја глумела ќерката на претседателот, Иванка Трамп, Џими Фалон кој се нашол во улога на Џаред Кушнер и Бен Стилер кој бил Мајкл Коен, личниот адвокат на Трамп.

Даниелс, која тврди дека имала сексуални односи со Доналд Трамп во 2006 година и дека еден месец пред неговиот избор за претседател и биле исплатени 130.000 долари за да молчи за тоа, имала предупредување за американскиот претседател (во шоуто го глуми Алек Болдвин).

Кога Болдвин како лажен Трамп ја запрашал што е потребно да направи за „сето тоа да престане“, Сторми Даниелс одговорила: „Оставка (на претседателот на САД).

– Жал ми е Доналд, предоцна е. Знам дека не веруваш во климатски промени, но доаѓа бура, душо – рекла порно актерката Сторми, поигрувајќи си со зборовите, затоа што на англиски нејзиното име значи „бура“.

Во сатиричната емисија Алек Болдвин како Трамп разговара со Сторми по телефон, додека ги прислушкува федералната полиција.

Порно актерката, чие вистиснко име е Стефани Клифор, ги тужела за клевета Доналд Трамп и неговиот адвокат Амајкл Коен, којшто наводно противзаконски и дал 130.000 долари пред две години, пред претседателските избори, со цел да не зборува за врската за да не му ги уништи шансите за изборите.

Доналд Трамп негира дека бил со Сторми Даниелс и тврди дека не знаел за спогодбата со која таа се обврзала на молчење.

Во март адвокатот на порно ѕвезда Сторми Даниелс, Мајкл Авенати, поднесе барање до судот, претседателот на САД Доналд Трамп да сведочи под заклетва, во врска со тврдењата на неговата клиентка дека имала односи со Трамп пред 12 години.