Посебен сообраќаен режим во Скопје
Поради одржување јавен собир денеска од 12:30 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како што информира МВР, забаранет за сообраќај ќе биде потегот од крстосницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата „Кирил и Методиј“ (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до крстосницата на оваа улица со булеварот „Свети Климент Охридски“.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Кочо Рацин“ и улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“, како и други споредни улици, а по потреба и преку булеварите „Партизански Одреди“, „Крсте Мисирков“, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Борис Трајковски“.
Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло