Поскапуваат цигарите и бензините во Македонија
Од минатата недела дел од цигарите се продаваат по повисока цена за 5 денари. Трговците велат – новите цени ги добиле ненајавено. Очекуваат во наредните денови и останатите производители на цигари да им достават зголемени цени на своите брендови .
За 5 денари поскапо се продаваат West Silver ,West Red I West White, Walter Wolf I Ronhill Black I Gold.
Поради зголемената акциза, поскапувањето се очекуваше да стартува за неколку месеци, пред почетокот на летото и тоа за 4 денари.
Поскапувањето на цигарите започна од 1 јуни 2015 та година, кога се зголеми акцизата за 0,15 денари по парче. Од 1 јуни 2016 та па во наредните 7 години, поточно до 2023 та година акцизата се зголемува за 0,20 денари за парче. На крајот на циклусот се очекува поскапите брендови да чинат над 3 евра по кутија.
Од минатата недела , имаме и нова зголемена цена на горивата. Регулаторот ги поскапи бензините и дизелот за 2 односно 2,5 денари по литар.
Ново на Сител
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице